Суљо пак направи темане и испушти едно придушено: – Разбрав, кади ефенди! – Е, ајде сега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така, тој скоро насмевнат влезе кај санџак-бегот, правејќи темане и поздравувајќи го само навидум покорно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Везирот го пресретна тргнатиот султан, направи темане и реферира кратко: – Тој е весникот од прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ајде оди, готви се. Утре тргнуваш! – му нареди кадијата на Суљо и го испрати до вратата. Овој се исправи, направи темане и излезе назаднички.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Акиф излезе и по кратко време влезе Суљо. Направи темане и застана до врата да ја чека наредбата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)