Едниот од трите правописа се усвојува за еден литературен јазик кај еден народ што се преродува главно во зависност од таа тенденција што владее при народното преродување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Штом е така, тогаш и нашиот правопис и правецот на нашиот литературен јазик ќе треба да биде во полна зависност од таа тенденција што ќе нѐ раководи нас при нашата национална преродба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)