А од кај Оровник на кај Раби се влечеа тенкови и пукаа, пукаа...кога само за миг небото над Преспа беше без авиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сѐ уште густиот чад висеше ниско, кога во напад тргнаа осум дивизии, повеќе независни баталјони, тенкови и борни коли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И кога тенковите и пешадијата стигнаа до раскрсницата и таму врзаа тежок и крвав бој, авионите почнаа да го бијат брегот и патот што од Кулата-Пероо води Винени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)