Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Секој регимент добивал по две големи тепсии со првокласна баклава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Делењето на баклавата се одвивало според една озаконета традиција (baklava Alayli).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сватовите донесоа тепсии со ориз, со грав, со компири - пупа. Со скала да се качуваш на нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто ми стои на главата како тепсија со жежок зелник, како табла со топли лебови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Де, бре, Сандо, уште невлезена критикуваш, - ја прекори дедо Борис кој влезе по неа, носејќи тепсија со пита, што баба ја месела и дошла да ни ја донесе додека е уште топла...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)