терапевт (имн.) - може (гл.)

Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја минираат идејата дека тие имаат привилегиран пристап до вистината со давање поддршка на индивидуите во обидот за разбирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие воопшто не ги исцрпуваат можностите, а Дејвид Епстон и јас дискутиравме за други такви тераписки практики на други места (пр. Epston и White, 1990; White и Epston, 1990).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРАКТИКИТЕ НА ЗНАЕЊЕ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја доведат во прашање идејата дека поседуваат објективен и непристрасен опис на реалноста, и да ја поткопаат можноста дека индивидуата ќе биде подложена на наметнување на идеи, со поттикнување на клиентите да ги интервјуираат во врска со интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потврдено е дека искуствата на клиентите за терапијата имаат суштинско значење за нејзино водење, и дека тоа е единствениот начин на кој терапевтот може да знае кој вид на тераписка интеракција може да помогне а кој не.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што шаманот може да понуди пејотл (дрога), така терапевтот може да ги понуди фармаколошките плодови на биомедицинската наука за да го промени телото, за тоа да може да каже поинаква приказна со која ќе може да живее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)