Во врска со трговијата ќе се употребуваат турцизмите: локанта, капара, пакет, лонџа, симсар, трампа, додека од термините од поморството почесто се среќаваат следниве турцизми: капидан, левент, скеле, тимон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А во ЗТПОК (1993) зборот „франшизинг“ беше употребен само еднаш – во делот на казнените одредби (чл. 101, ст.1, ал.4) – од што имплицитно под овој термин се подразбираше „облик на располагање и/или продажба на општествениот капитал“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, во конкретниов случај всушност – според оценка на судот – станува збор за консензуален Договор за здружување заради заедничко остварување и поделба на извесна имотна корист, односно материјална заработувачка па посоодветен термин од „ортак“ се чини дека би бил „заедничар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во нашата деловна практика овој начин на стопанисување многу ретко се користи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)