Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бугарите гледаат дека во народот постои движење против нив, инаку не може да се разбере толку големиот терор од бугарскиот окупатор над македонскиот народ, во спротивно не би доведувале општински кметови од Бугарија...
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)