Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Под нивно влијание во дискусиите и советувањата се оцртала една линија, едно сваќање, што ја отфрлувало идејата за „класично“ прогласување на востанието, а како најефикасен начин на дејствување се предлагала тактиката на перманентни напади и терор против турските административни власти и установи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)