Татко и овој пат бил по право, требале да го послушаат, ни пишуваше тетка во писма испраќани преку ретки патници во Македонија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таква беше горката судбина на нашето семејство на двете страни од границата: едни знаењето на туѓите јазици ги спасуваше во тешките времиња во животот, други ги завиваше во црно... * Којзнае уште колку во мислите ќе трагав по сликите напластени во свеста од раскажувањата и потрагата по минатото на семејството за татковото враќање од Цариград во куќата пред мене, за заминувањето и враќањето на мојот чичко од Лондон, враќањето на мојата тетка во Албанија, доколку од занесот не ме извлечеше сеприсутниот и едноличен глас на водичот Х.Х.: - Ги разбирам вашите чувства, по 38 години да се најдете пред прагот на родниот дом!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)