Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И ние, децата, иако наведнати врз отворените тетратки и книги, божем внесени во домашните задачи, ја очекувавме Татковата порака, пресудата која се сведуваше на еден од двата прости збора: остануваме или заминуваме!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ќе остане само твојот
метафизички немир
гребнатинките, перцето време
врз тетратките и фреските
продолжениот одѕвон
на зборот
твојот неспокој, и кога сликаш
и кога кршиш!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Соња се ведне да го сврти листот од нотната тетратка и ме допира со косата...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Толку ми е милно од нејзиниот допир...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Малечката Пелагија беше толку многу полна со впечатоци од училиштето и зборовите на Перса не се помешаа со вкусното јадење, и додека тие двете сѐ уште јадеа, таа си ја побара платнената торба и почна да буричка по тетратките и книгите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Покрај убавите желби и страсните бакнежи малечката Пелагија доби еден куп поклони во облека, тетратки и моливи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)