За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од 1970-тите наваму, ако не и од порано, геј-мажите имаат обичај да прават злонамерни генерациски споредби помеѓу геј-момците што се тинејџери или што имаат дваесет и некоја година – современите, ослободени, просветлени, напреднати, „сосема нераспознатливи од стрејт-момците... [и] крајно спокојни што се геј“ (како што напиша Ендру Холеран во 1978 г.), кои сосема добро си се вклопуваат во главнотековното општество, кои никогаш не доживеале хомофобија меѓу врсниците, кои не се гледаат себеси како припадници на никаква геј-заедница и на кои не им треба никаква геј-култура, од една страна, и три-четириесетгодишните (или дури и постари) геј-мажи, заглавени во некаква фанатична верност на некаков демодиран, застарен вид геј-култура, убедени дека тоа е единствената геј-култура што постои, задолжителната култура на секој што, ете, е геј.42
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)