Иако знаеме дека две проекции на еден ист филм не се секогаш идентични, Ворхол отвора можности за интерпретација, како во врска со звучната слика, т.е. озвучувањето на своите филмови, така и во поглед на редоследот на прикажувањето на ролните и нивниот меѓусебен однос (во Девојките од челзи кој се прикажува симултано на две платна, односот на ролните не е прецизиран ниту временски ниту со распоредот).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1965. (зрела фаза) Ворхол дефинитивно го открива тонот и почнува редовно да го користи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Разговорот немаше срдечен тон и одеше во некој правец што не го знаев. Но, набрзо го дознав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Освен тоа, усните сведоштва ги обојуваат работите, им даваат колорит и тон и душа на настаните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Возможна вистина - зашто цел живот се надевав дека ќе доживеам нешто големо, нешто што не може да се замисли, нешто што не може да се претстави со линија, тон и боја, нешто што е над границите на разумот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш ги затворија вратите и повторно се зачу гигантскиот звук на дождот што лееше, во тони и лавини, насекаде и засекогаш.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)