Се беше молк: По матеното руменило на огнената топка во секој миг се подготвуваше да го допре сводот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Една добра работа која ми се случи последниве години е можноста да ги доверувам механичките работи на други, да ја одржувам креативната топка во постојано движење и да им дозволам на другите да се приклучат кон забавата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зошто си толку упорен?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Влегува Антоњина Павловна Опојашина, мајка на Љуба, со шарена топка во рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прашува некое детуле што држи топка в раце.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Ама Дракче има ниски родители и му личи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зошто токму јас да се редам претпоследен?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Претпоследен вежбам на справи, претпоследен прескокнувам јарец, претпоследен добивам топка в рака... сè претпоследен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И така се сретнуваа еден со друг сè до пролетта, сè до оној ден кога Милчо играјќи топка во паркчето, ја удри случајно шофершајбната на колата од татко ѝ, и ја скриш.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Одбиваше да игра со топка во дворот за време на одморот и да работи во уметничката работилница, иако поголемиот дел од пациентките со големо внимание ѝ се посветуваа на претстојната уметничка вечер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)