Ги обесхрабрувал пред сѐ мракот, а по сѐ изгледа и неодржуваните дотрајани скали ковани околу стебло на топола којзнае како и за каква основа прицврстена (ако воопшто може да се помисли дека била прицврстена) да не го спомнуваме и она благо нишкање на скалите, губење на тлото под нозете како тонење в бездна, што претставувало неизбежно чувство при секој нов чекор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)