трага (имн.) - што (зам.)

Пенливата трага што бродот ја оставаше зад себе,едноличната бучава на моторот помешана со многујазичниот метеж на разголените туристи и брзозборните дофрлувања на неколку мештанки облечени во темни носии, не поттикнуваше на жив, мрешкав дијалог, сѐ додека пред нас не се откри Л. вовлечен во островскиот залив,речиси од истата онаа панорама која ја прижелкуваме од нашите детски спомени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Немаше никаква трага што би била доказ за неговото пушење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни цигари, ни запалки, а ни парченце од изронет тутун.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трагите што означуваа три века историја на овие балкански народи тој ги откри и со тоа го спаси своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)