Момчињава толку се истошени, та ни оган не ќе отворат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Добро, ќе тргнам по трагата и сигурно ќе го најдам зајачето.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Беше тоа една речиси безимена човечка протоплазма која се поместуваше низ оган и крв од Исток кон Запад, но оставајќи големи траги и врз источната и западната цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Трепнежот од пламењата на свеќите му ја бришеа трагата и намерата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стасаа и кучињата и терачите, и продолжија сите заедно да се пробиваат низ честакот следејќи ги трагите и крвта што ја оставаше мечката.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Одеа по трагите и крвта, проучуваа колку е удрена, од која страна: лева или десна, гледаа по гранките каде што оставала крв и заклучуваа дали е смртно ранета или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Змејко пооде доста по голината и дури потоа се потргна од трагата и застана в страна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зад него остануваше онаа мачна, џвакана, ѓаволска трага и сѐ, што можеше да се стори, тоа беше да ја продолжува неа по бескрајната нагорничавост пред себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трагите и локвите крв ги покри снегот и бури од дождови ги испраа и ги однесоа во неврат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Има ли надеж дека пак пролет ќе дојде? и пак ќе грее моето сонце и патувања одново ќе има но место на Марс, во новите коридори на животот ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме Дозволи да те заборавам и соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)