За волја на вистината, треба да се рече дека Арафат, придавајќи им во животот големо, понекогаш и пресудно значење на симболите, на пример, при говорот пред Советот во Њујорк го остави својот револвер во гардеробата на светската организација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судијата има право на годишен одмор во траење од 26 работни дена (чл. 72, ст.1sq и ст.5 од ЗСуд). 6. Со денот на отворањето на стечајната постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот- должник престануваат [по сила на закон].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ретко ќе се сретне во поновата историја на народите револуционер со долгогодишен стаж, револуција со подолго траење од палестинската.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кинестезијата во овој случај е заснована на преминувањето на дента во ноќ (и во кулминацијата на филмот, на палење на светлата на зградата) со повремено прелетување на птици, движење на облаци, како и со видливи промени на филмската лента.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во контекст, пак, на должината на годишните одмори, во август 2008, одредбата којашто предвидуваше дека работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена – се замени со формулација според која „работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 дена“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Бидејќи елементарната кинестетичност е условена од природата на медиумот, Ворхоловото сликање на неподвижен објект со неподвижна камера во траење од осум часа може да биде доживеано како исмевање на основните атрибути на филмот, а Empire како најконцептуален филм некогаш снимен, или пак како најдоследно спроведен реализам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа раздобје е како некаква пукнатина во мојот живот, пукнатина во траење од осум години.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)