Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нејзините очи, со вчудовиденост и неверување, ја видоа ненадејната трансформација на мачорот, од пријателски и нежен љубимец во неприпитомен ѕвер.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
3 Од неговото донесување ЗТПОК има претрпено десет измени и дополнувања, во 1998, три во 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2006 и 2007 година. 4 Со овој закон се уредуваат условите, начините и постапката за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во претпријатија во кои е определен сопственикот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така се започнува со попис на козите; со тоа ќе биде означен процесот на трансформација на селаните во граѓани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Светот создаден од страна на медиумите за Хабермас „само наликува на јавна сфера“106.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работната атмосфера во претпријатието ја красеше „работнички дух“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, во 1992/93 година – на почетокот на транзицијата – се јави „потреба“ од трансформација на сопственоста на претпријатието, која беше регулирана во тогаш новодонесениот ЗТПОК (1993) – кој подоцна претрпе дури 12 измени и дополнувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Спорот настана во 2005 година, при трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ во две нови претпријатија: АД „МЖ Транспорт“ (во државна сопственост, со намера за идна приватизација или концесија) и ЈП „МЖ Инфраструктура“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури еден нивен колега – кога го прочита своето име на „црниот список за 47 бркање“ – во очај се фрли на пругата и беше прегазен од возот на претпријатието во кое работеше сиот свој работен век!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судијката (М.Панговска), по добиената писмена изјава за признание – поднесена во јули 2003 – од страна на директорот на туженото претпријатие, донесе пресуда врз основа на признание со којашто во целост го уважи нејзиното тужбено барање и го задолжи тужениот да и исплати:3 а) на име неисплатени плати – сума од 116.917 МКД (1.900 ЕУР); и б) на име неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско оси- гурување да уплати во ФПИОМ – сума од 74.523 МКД (1.220 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најголем број од работниците беа мотивирани за работа, бидејќи имаше можност за унапредување, а вработените меѓу себе се почитуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)