Neue Slowenische Kunst - како уметност- слика- и- прилика на Државата - ја обновува траумата на авангардните движења така што се идентификува со неа во фазата на асимилација во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120)
Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Траумата на Запад во односот спрема Русија во последните неколку години е во тоа што Запад ја прифаќа Русија како суперсила само под услов таа така да не се однесува!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)