Така, утредента по атентатите, полицијата почнала да врши претреси и да им ги запленува документите на овие трговци во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дваица бевте јунаци – гении од род народен, пуштивте страни трговци во срам да врлат Илинден. ***
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Татко му, мал железарски трговец во турскиот дел на Скопје, беше спечалил во последно време малце пари на шајките што успеа да ги прибави од Софија преку Коча - па неговиот син, што првпат тука покажа некаква практична смисла, можеше да ужива заслужена издршка за повеќе месеци.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)