Тревата е твојот невидлив дух околу, а ти си малото камче.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник. „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И уште само еднаш – и покривот е црвен, небото сино, но затоа пак тревата е жолта.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Тревата е жолта само кога е исушена, сине, - му вели тато. – А нашата трева е зелена.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)