Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Поставија две нишалки од плетено праќе сред тремот и тивко седнаа, додека ѕвездите истлејуваа во темнината како сиви зрнца од сол расфрлани на хоризонтите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сега седам на тремот и мислам на убавите сенки стопени веќе во синиот чад на зимското небо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Е, го обесивме на чингелот, под тремот и го дере Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го чу ударот на затворање на преградната врата од тремот и почувствува дека жена му го гледа додека тој ја набљудува ноќта.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бојан влезе кај овците, набрзина разгледувајќи ги оние што лежеа, барајќи некое ново јагне, иако не го очекуваше, па откако не пронајде новоојагнето, истрча во тремот и ја зграпчи лопатата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тесните улички со дотраени и руинирани куќарки, со мандала, со порти, со тремови и чардаци, улици со турски калдрми, тоа е оној дел од Солун кој се извишуваше амфитеатрално.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)