треска (имн.) - и (сврз.)

Поважно беше тоа што сексуалното лишување предизвикуваше хистерија, пожелно затоа што можеше лесно да се трансформира во воинствена треска и во обожување на лидерот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Запаѓаше во нездравиот оган на треската и во поматената свест претчувствуваше нешто што немаше сили да го избегне. и постепено се губеше во морничаво бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи во мислите имаше слични мигови, си рече дека сигурно го фаќа треска и присилувајќи се да се смири, се сети дека вратата е заклучена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако не знаеше дека треската трупа врз мене црни парчиња мраз на ноќта во која еден човек стана факел, можеше да знае дека торбата во моите раце е на тој Онисифор со обетка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Точно: пред тоа се спуштив од ридот, ја зедов торбата од Мечкојадовата кола на две преголеми тркала и пак зачекорив по врвицата на земјата со жилички. Потоа паднав од треска и глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ги подавал рацете кон првиот ден на својата младост, барал 'ржени ниви Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побрза да не го удрам или тој да не замавне на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)