трпеза (имн.) - и (сврз.)

Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо“ да не ѝ секне млекото и да не ја фатат „навите“ како леунка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти – згоден патрициј, образован во Гимназионот, чиј конзул на филозофија беше Псел лично, јас – горда ќерка на дивиот нормански барон, која, од темниот смрдлив замок, во кој спиеше на подот, покриена со правливи кожи од мечки, пристига во светла палата, со ѕидни мозаици, егзотична трпеза и раскошна бања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Христос воскресе, им рече старецот на домашните А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше на трпезата И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот Има само една вистинска – онаа, уште незапалената, - Врз правот нѝ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По манастирските конаци распослани се трпези, јадат, пијат луѓето, се веселат, оѕвива песната; игуменот оди од трпеза на трпеза и ги поздравува, ги благословува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко почнува да шета со очите по трпезата и го замалува вртењето на залакот во устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Рацете му сноваат на трпезата и од тоа брзање му залетнува. Се дави човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, господ да ви придаде, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, не сум гладен, ама атер на трпезата и, еда, атер на лебот... ќе земам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)