Во христијанските куќи, по дворовите, во тремовите, на чардаците, под покривачките, а на чифлизите во кулите долго се прераскажуваа настаните во изминатиот ден и нетрпеливо се исчекуваше новиот, кога христијаните во ропскиот труд ќе можат да ги потопат стравот и неизвесноста а Турците да пазат на нив и да се испазат од нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби и лично ја посоветувал да се послужи со помошта на некој друг.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ти си тој кој со својот труд ќе изградиш свое среќно царство.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како автор, имам исклучиво право да решам дали некоја книга со мои трудови ќе биде објавена или не.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од најуспешните трудови ќе направиме изложба, на која ќе ги подариме нашите дела на општината, во знак на благодарност за гостопремството.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, бидејќи изгубил надеж дека со личен труд ќе се здобие со наследник, можеби ѝ дал некаков знак на жена си да се потруди да му помогне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач доколку во рок од една година го повтори прекршокот, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во траење од 15 дена, за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. (чл. 1 од ЗИЗМП/дек.14) 118 ЗАКОН ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е донесен во 2008 година122 и истиот беше предмет на анализа и во првиот дел од оваа трудово - правна студија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)