Во една тужба тужителот може да истакне повеќе барања против истиот тужен кога сите барања се поврзани со ист фактички и правен основ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужителот може да ја преиначи тужбата до првото рочиште за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)