Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
16. КОГА Е В ТУЃИНА И СОКОЛОТ ГО ВИКААТ ВРАНА - не оти на туѓинците со јазик неразбирлив им грачи, туку оти со крилјата поткастрени тој таму и станал но бела врана на другите птици јајца да им квачи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
После, поголемкото рече: „Дојде еден човек од туѓина и застана кај чешмата, се распрашуваше кај седи Софре Танески.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Мала е радоста што ја носат спечалените пари за да ги ублажи оние маки кои печалбарот ги трпи во туѓина и немаштијата што ја трпат оние што остануваат дома.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)