Меѓутоа, ти си зафатен со друго: откако те запознаа со Горда и откако узна дека таа е суфлерка, ти не знаеш дали повеќе си обземен од нејзината убавина или од тоа што кај неа единствено можеш да го најдеш делото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250
Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не смееме да дозволоме да ги гледаме работите погрдно само зошто едно нешто е поразлично од другите или да претставува тешкотија да го прифатиме такво какво што е.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но убавината или грдосијата на некоја физичка појава е сосема погрешно ако и само помислите да го зачнете како секвенца во најбанален разговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дали е тоа епистемологијата на плакарот и нејзините многукратни двојни врски, продорниот режим на хетеронормативноста и на хомофобијата, врховното значење на родот, неспорната заводливост на мажественоста, незгасливата желба за убавина или невозможноста хомосексуалноста наивно и невино да се искуси како нешто сосема природно, светот во кој суштествуваат геј-мажите постојано ги потсетува на нивната неизземеност од животинските стварности на сексуалното раслојување, на културното значење и на општествената моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)