Но тој со своите остри уши бараше друг глас. Него сега го интересуваа гласовите на клопотарците и ѕвонците што беа екнале по целата рудина и, смешани со кавалските звуци и кучешките лаежи, го исполнуваа целиот простор на сите четири страни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)