И уште пред да стигне светливото и брзото на влезот на Потковицата, до нивните уши допре шум на морот, па тие брзо заклучија дека се работи за аероплан.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Киро – до неговите уши допре тивок и исплашен глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сѐ уште тапкаше во место кога повторно до нејзините уши допре уште еден, но со друга боја плачлив глас.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога се најде на десетина чекори далеку од гробот, до неговите уши допре зарипнатиот старечки глас на осумдесетгодишниот поп Васил.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)