Се разби-ра, спиеше будно: секој час ушите ги начулуваше при најмал шум што би го произвел стопанот превртувајќи се во постелата или менувајќи го ритмот на дишењето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Но, јас не можам да ја чувам твојата сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
На десетина чекори зад нив коњот со високо крената глава и со изострени уши ги слушал криците, пустите или молбите на својот господар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои од оние што биле во засолништа во кои ни од грб не ѝ биле изложени на смртта, виделе: коњаникот во паѓањето ја пуштил сабјата за да се пречека на раце и додека се обидувал да извлече од својата стуткана здебеленост нож или кубура, Онисифор Проказник се фрлил врз него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За опашките и за ушите ги тегнела ѓаволеста сенка на Карамба-Барамба...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)