Мрмореше, се муртеше, тој осаменик и намќор навредата на потсмешливиот поглед ја чувствуваше сетилно, како удар или шлаканица.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Можеше потенцијално да има семожни претпоставки: да не се вмешал југословенскиот амбасадор во некоја од странските земји кои стоеле зад државниот удар или биле во спротивниот табор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мојата слика во мене се мени: невидлив трубач повикува за почеток на еден крај, сега секој удар или апеж ќе остане на местото на осаменикот, ќе се наградува со чин, со медал.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ане извикуваше од секој тап удар или шлаканица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)