На О. Бенеш, меѓутоа, сме му благодарни за увидот дека и најважните уметнички форми на маниристичката уметност биле поттикнати со новите космолошки сознанија меѓу 1550 и 1614- та (тие години се кулминација и во творештвата на Тинторето и Греко). 1548-та Џордано Бруно, симпатизер на коперниканскиот систем и okno.mk | Margina #26-28 [1995] 206 антикласичен теоретичар “a la lettre” го објави делото кое набрзо стана славно во цела Европа: Dell’Immenso e degli innumerevoli, osssia dell’Universo i dei mondi.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(Неговата уметност била дијалектика помеѓу сонот од детството и зрелите општествени цели.)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби објавите за смртта на уметноста биле саме објави за смрт на “таа” или “онаа” уметност, но објавување на смртта на уметноста во целост е или бескрајно наивна (фасцинираност од технологијата) окултност кон можностите на самиот комуникациски систем, или суицидна десперираност од новите морални критериуми.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А сосема е јасно дека поседувал силно его, дека свесно создавал уметност со голема интелектуална вредност и естетска оригиналност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)