И затоа Скопје добивал обележја на султански град, еден од главните центри на Османската Империја, набргу бил наречен и Капија на Ориентот, со царски градби, како џамии, мавзолеи, карван-сарај, безистен, водовод.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)