Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Друштвото може да има еден или повеќе акционери (чл. 272, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕУР во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ, објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина; а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен повик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕУР во денарска противвредност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На 20 јануари 2005 година, само три дена по усвојувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кои значително беа намалени правата на работниците кои по сила на приликите се без работа, тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски најде за сходно да изјави дека е потребно „оној што работи да не биде заштитен како мечка во планина туку да тој биде изложен на оценки.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)