услов (имн.) - дека (сврз.)

Со одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот Суд на РМ, беше касирана ваквата одредба, а Уставниот суд во своето образложение нотира дека со ваквата формулација „се создава можност работодавачот во димензионирањето на работните активности да ги повреди уставно загарантитраните човекови слободи и права во кои се и правата од работен однос и интегритетот на работникот“. 33 в) кон експлицитната формулација која прохибираше дека работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на повозрасен работник (работници повозрасни од 57 години – жени и 59 години – мажи), беше дополнета со услов дека тој тоа не смее да го наложи „без негова согласност“ (чл. 23 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)