Освен пред надлежниот суд, заштитата на правата од работен однос вработените во јавните претпријатија со статус на даватели на јавни услуги можат да ги остварат и пред надлежен орган во јавното претпријатие.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Пополнувањето на работно место на давател на јавна услуга може да се изврши преку вработување или мобилности преку распоредување или преземање (чл. 11 од ЗИДЗЈП/фев.14), а кандидатот треба да ги исполнува следните услови: (1) да е државјанин на РМ; (2) активно да го користи македонскиот јазик; (3) да е полнолетен; (4) да има општа здравствена способност за работното место и (5) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (општи услови), а покрај овие услови кандидатот треба да ги и исполни и посебните услови: (1) да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место; (2) да има соодветно работно искуство потребно за работното место и (3) да поседува соодветни посебни работни компетенции потребни за работното место (чл. 12 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)