Идевме во татковата библиотека на тивко учење на премолкот, кога устата речиси и самата се отвораше пред предизвикувачките настани во тие барабански балкански времиња, исполнети со семожни наредби, пароли, диктати, лажни ветувања, немотивирани забрани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Шефот на станицата знаеше дека едниот е за Корнулов, а другиот за Папокот, дека си ги пренесуваат пљачките во нив речиси тајно од Друже Србине, ама мораше да си стави катинар на устата речиси толкав колкави што висеа и на вратите од вагоните заради парите што му ги тутнаа во џебот од униформата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)