Гоце тукушто го беше започнал часот со учениците во новоселското училиште, некој чукна на прозорецот од училницата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За да се изработи една таква програма, македонските ученици во Белград во 1893/4 учебна година, во времето на инспекторството над нив на директорот на III гимназија Ѓуро Милијашевиќ, решија да состават македонско друштво во Белград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Плоштадот беше набиен со неколку илјади луѓе, вклучувајќи и една маса од околу илјада ученици во униформи на Шпионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
“Капетанот Џон” беше познаник на сите генерации ученици во гимназијата: тоа беше скелет врз чии земни останки ние ја учевме човековата анатомија на часовите по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сѐ беше чисто и мирно, беше распуст, па немаше ученици во училиштето.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во истата соба во која спиел Војне додека, како ученик во битолската гимназија, бил во интернатот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ние, останатите ученици во класот, слушавме, а потоа дискутиравме по прочитаното.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Кога немале ништо што да јадат, ги помагал нивниот сограѓанин Славчо Коробаров, ученик во Гимназијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Милан Арсов, од Велес, ученик во Бугарската гимназија во Солун, 19 години.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така, постепено, Кружокот на велешките ученици во Солун при крајот на векот го добил своето дефинитивно идејно оформување, а неговите членови започнале да се викаат “гемиџии“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Леле! - се фати за глава Бојан. - Па само во твоето училиште има повеќе учители одошто ученици во моето училиште.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Рабинот му беше учител и кога ќе се наведнеше над него со зажарените очи и моќната сиво-бела рабинска брада што погледната оздола, личеше на градоносен облак, Цви Корец се чувствуваше мал и безначаен како да се отворила Книгата и тој да стои пред самиот реб Моше спуштен од Синајската гора или пред Јаков, таткото на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој тука се враќа во подамнешното минато, и за чудо, задлабочувајќи се во него, одново почнува да го чувствува лекото, прозрачно присуство на Бога. Како дете му се чинеше дека шекина12 ја чувствува посилно одошто другите ученици во верското училиште во родниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Значи, деца од денеска ќе имаме уште еден ученик во одделението. Вие го знаете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама кога ми се стемнува пред очи, се фаќам за главава - и готово.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Така е“, се согласи Дејко. „Треба да сме како сите ученици во училиштето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми иде да ти се нафрлам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)