Никој не смее да биде ставен во понеповолна положба поради членство или нечленство во синдикатот, односно учество или неучество во неговата дејност (чл. 185, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: 1) друштво коешто во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество; и 2) зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички (чл. 491, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кон пријавата за упис на основање на друштво во трговскиот регистар, основачите поднесуваат лична писмена изјава, заверена кај нотар дека не постои некое од ограничувањата 235 од овој член или друго ограничување, определено со овој закон, за да основаат друштво (чл. 29, ст.6 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Содржината на договорот за друштвото, односно на статутот основачите ја определуваат во согласност со овој закон (чл. 22, ст.3 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од синдикатот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се пропиша и проширување на обврската за странските работници во барањето за согласност од Министерството за култура, освен приложувањето на план и програма на активностите што ќе ги реализираат, листа на претходно реализирани активности и кратка биографија со содветна документација за странците, тие да достават и покана за учество или договор со организатор регистриран во РМ, доколку активноста која ќе ја извршува странецот е условена со соработка со организаторот од РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)