Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ве почешува ли учителот со стапот по рацете? - Кој не учи... се знае, а кој учи - не го гиба...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)