Во фабриката имаше основано синдикална организација, која беше член и на гранковиот синдикат при ССМ – меѓутоа Ангелеска, поради оправдана недоверба кон раководната структура, не беше член на овој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)