Шанса за светилник на морепловците
оние кои сѐ уште не се очајни
и не се плашат од фантазијата на брановите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Додека беше наведната во незгодна поза за да го намести спекулумот, таа се шегуваше и им се насмевнуваше на гледачите објаснувајќи дека секој што сака може да дојде до работ на сцената за да го види големото шоу.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите, студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз, та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан, шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)