фантазија (имн.) - и (сврз.)

XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Статистиката беше исто толку фантазија и во нејзината оригинална верзија и во нејзината исправена верзија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
DD ПТ: Гледате ли некоја врска помеѓу фантазијата и религиозноста? DD ЕВ: Можеби. Не знам. Црквата е интересно место. 16 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Интересни се границите на фантазијата и креативноста, кога луѓето прават нови работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)