Одеднаш здогледа голема група турци, фесовите им се вееја лудо, јаваа како избезумени, како некаде да брзаа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад него стоеја двајцата слуги со јатагани во рацете - не ги наполнија кубурите, ги забуцаа во силавите, сакаа да сечат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)