Иако маргиналец во однос на филмската индустрија, тој успева, со поголеми или помали паузи, да создава во континуитет, како поет кој што сонува со будното око на камерата, правејќи ги филмовите како психограм на поетовата и режисерската душа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол исто така и во својата ликовна работа ги подржуваше типичните грешки на медиумот (расипувањето како креација).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Процесот на настанување на ваквите филмови е долг и сложен, што е и разбирливо ако се знае дека Џарман им припаѓа на оние филмаџии на коишто процесот на настанување на филмот им е поважен од самиот резултат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Благодарејќи на тие негови тези, Пазолиниевиот филм „Сало“ доби сосема оригинална интерпретација: „Кога Пазолони во еден филм им даде на актерите да јадат гомна, тоа беше симболично затворање на кругот“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тоа е најблиску до она што го нарекуваме “палимпсест” - слоеви на слики една преку друга, кои гледачот сам ги открива и им дава значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Телевизијата, списанијата и филмот им го дадоа основното визуелно образование.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)