фиока (имн.) - од (предл.)

Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ковертот на благодарноста што ја претставуваше во одредена мера и мојата судбина веројатно се наоѓаше во сината папка што иследникот ја оставаше во фиоката од неговата десна страна додека излегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Во тој случај“, одврати Дипен отворајќи една фиока од која извади чековна книшка, „слободно пополнете ми чек на таа сума.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само тој грев да не го направам, секавично помисли и во истиот момент виде како Лигушот со двете раце се пресегна да ја отвори фиоката од масата пред него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А идниот пат кога влегував, имав впечаток дека истата фијока е отворена и дека секој момент оттаму ќе ја извлече истата папка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)