Во двете вештачки езера загрозен е и билниот и животинскиот свет, како што би рекол познатиот професор биолог Незлобински - загрозени се и флората и фауната.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Игор Лозински си беше ставил за задача со својата колекција да го фиксира континуитетот на животот во Езерото, низ доминантните претставници на флората и фауната, подлежна на измени и исчезнувања.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се разделија во ноќта. На заминување Игор го покани Татко да ја види неговата колекција од езерската флора и фауна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)