Веќе одамна е забележано дека нема добар бизнис без добра комуникација, а таа, пак, може да има различни форми во зависност од личноста со која се контактира.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во книгата Линда Мек Калистер дефинира шест комуникациони типови на луѓе и, во согласност со тоа, шест комуникациони стилови - три главни и три мешани.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дали е, значи, можно некои луѓе намерно да се трудат да бидат непријатни или ние само не им ги разбираме комуникационите потреби?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овде најмногу фрапира формата во која доминира кривата линија и елипсовидната форма.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Токму тука, во оваа проекција, во ова претворање на една форма во друга, имаме една дефиниција на механизмот на метафората.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Наводно несовпаѓање со некоја психолошка теорија за човечката когниција Како што забележавме порано, нападите на AI често пати добиваат форма во која таа се сфаќа како некомпатибилна со некоја друга психолошка или невролошка теорија која се смета за авторитативна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога ќе му пријдете, овие купчиња стануваат јасно издвоени објекти чија форма во општи црти одговара на претходно испитаната целина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како евтин парфем, значењето му испари од шишенцето на формата во која дотогаш мирисаше и со својот мирис му ги исполнуваше деновите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Додека таквите форми во Холандија се фаворизираат, во Германија имаат статус како државните институции.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
ВОВЕД: Музичко-логичка понадица Инвенција во три гласа ГЛАВА I Енигмата MU Инвенција за два гласа ГЛАВА II Значење и форма во математиката Соната за Ахил, сам ГЛАВА III Фигура и фон Contracrostipunctus ГЛАВА IV Конзистентност, комплетност и геометрија Мал хармониски лавиринт Margina #19-20 [1995] | okno.mk 75 ГЛАВА V Рекурзивни структури и процеси Канон со зголемување на интервалите ГЛАВА VI Каде всушност е значењето Хроматска и Фугриозна Фантзезнија По прекрасното капење во една баричка, Желката беше излегла на сонце и се спремаше добро да ја истресе водата од себе кога Ахил помина од таму.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Составувач е на повеќе антологии на македонската и на француската поезија, потоа на антологијата на фантастичниот расказ во југословенските литератури Црна кула (1978), како и на антологијата на кратката прозна форма во француската литература Шуми под море (1995).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Напротив, беше тоа недоразбирање што истовремено беше и логичен исход од културната различност.150 Понатаму, тоа открива една основна вистина за формата во која се јавуваат културните разлики и за медиумот во кој најфлагрантно се појавуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-критичарите можат да пекаат по наводниот хетеросексизам на класичниот мјузикл, но овие претстави нудеа раскошен свет во кој желбата можеше да тргне во разни насоки и тие можеа истовремено да се читаат на навидум спротивни начини. (10, 47, 246, 282)
Бродвејскиот мјузикл е „најнелогичната од сите уметнички форми“, според Клам (xii) – токму како што операта е најелектризирачката.127 Музичкиот театар е „најнастраната од сите уметнички форми, онаа во која родот е најјасно изведба што може да се експлодира или радикално да се измени, тој е формата во која на сѐ може да се гледа како на дрег.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму самата невозможност да се изрази геј-желбата на општествено значаен начин придонела таа да се зголеми и да се засили, со што го направила уште поскапоцен и поуживателен бродвејскиот мјузикл како форма во чија наслада единствено можело да се одложи таа невозможност, а на самотната, таинствена сентименталност на протогеј-субјектот да ѝ се даде буен израз што ѝ пркоси на стварноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, кога не би било зима, тоа можеш да си го замислиш самиот, среде разиграните бистри води аждерот би бил не бел, туку синозелен, прекрасно облечен со нежни сончеви зраци со изрезени форми во кои се кријат чудни волшебни тајни.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сите уметници се лутат токму на тенденцијата на критичарите да ја одвојуваат формата од суштината, а тој систем применет врз Хичкок секој разговор го прави залуден и неплоден, бидејќи, како што тоа добро го дефинираа Ерик Ромер (Erick Rohmer) и Клод Шаброл (Claude Schabrol), Алфред Хичкок не е ниту раскажувач на приказни ниту естет, туку „еден од најголемите изумители на форма во целата историја на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За нивниот вид никогаш не размислувам како да е жив, туку како целиот да се состои од оние мртви бубачки на нашиот тепих, сите новозагинати создадени со дејството на некоја таинствена животинска трага - можеби таа прашина во која понекогаш лежат - којашто лебдее во воздухот, којашто преку ноќ зацврснува и спонтано преминува од една телесна форма во друга, како што бил случајот со ларвите пред научното доба.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа секогаш била форма во која на трауматски начин излегувал на виделина некој внатреопштествен антагонизам.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
3. Ако за одделни дејствија со закон не е определена формата во која можат да се преземат, странките ги преземаат парничните дејствија писмено надвор од рочиштето или усно на рочиште (чл. 13, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот беше должен, во рок од два месеца од влегувањето во сила на овој рогациски Закон – што значеше најдоцна до почетокот на ноември 2008, на работникот да му го врати овој документ (чл. 30, ЗИДЗРО/авг.08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)