Се обидов по нешто да кажам за таа апориска нужда во текстот De l’esprit (За духот) и во L’autre cap (Друг курс) во врска со Европа. 4Дали би можеле да речеме дека техниките со кои се служите при читањето и пишувањето ја претставуваат деконструкцијата? 4Повеќе би рекол дека станува збор за една од нејзините форми или очитувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со него управуваат - значи, го надминуваат - некои многу пообемни, понеодредени и помоќни процеси на дело меѓу земјата и светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Емпириски дадениот влез е, сам за себе, лишен од секаква форма или структура.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ние ги сакаме и двете.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Отсекогаш ме изненадувал фактот што поголем број стрипови се занимаваат со политички идеи во доста насилничка форма или со ситни тривијални моменти од животот, додека пеколната страна на работата, животот, љубовта и на стравот од смрт останува неиспитана. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Синкретизмот не е само, како што вели речникот, „комбинација на различни верски форми или верски пракси“; таквата комбинација мора да ги толерира противречностите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Краткото затемнување и следователното откривање на лицето на Џоан Крафорд со сенките од венецијанерите не е некаква пропозиција во некое тврдење, туку состојка на стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако не се работи за ништо, тогаш не е фризура – тогаш е само коса. (Или, можеби, е несредена коса: ако стилот никогаш не е само стил без содржина, тогаш содржината никогаш не е само содржина без стил, а содржината што изгледа како да е само содржина веројатно е резултат на некадарен, никаков стил.)
Но за што се работи во стилот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што има да се изнапише цела книга за да дојде, полека-полека и макотрпно, до простиот и фрапантно очигледен заклучок што требало да се види уште на почетокот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секогаш кога говорот, движењето, однесувањето или предметите пројавуваат некаков отклон од најдиректниот, најкорисниот, најбезразумниот начин на изразување и на суштествување во светот, можеме да сметаме дека имаат „стил“ и дека се и автономни и примерни.391
Токму затоа што стилот е отклон од нормата и начин на автономно постоење, бидејќи истовремено е и чуден самиот по себе и пример за себе – бидејќи самиот за себе си е нешто настрано – ете, токму затоа е тешко да му се објасни значењето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако геј-мажите гравитирале кон дрегот, холивудските мелодрами, великата опера, кампот, модата и дизајнот, тоа сигурно е така зашто сите тие се женствени форми или барем затоа што традиционално се кодирани така.
Да скратам, изгледа дека викторијанскине лекари, на крајот на краиштата, имале право.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа е причината поради која и предметите на културните студии се до лудило тешки за анализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што го дефинира машкиот геј-субјективитет е неговото обратување на сексуалните улоги, неговото меѓуобродување, неговата превртена, трансродова психологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наједноставните од нив сјадриле во себе долга историја и огромна и сложена низа од меѓусебно поврзани значења, значења нераскинливо отелотворени во самата нивна форма или во самиот нивен стил – обликот на славината, наглиот премин од говор во песна што му е карактеристичен на бродвејскиот мјузикл, осветлувањето на лицето на Џоан Крафорд и нејзиниот изговор на репликата што ја искажува гламурозната крајност на мајчинската абјектност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зар објаснувањето за карактеристичните практики на кои им е склона машката геј-култура не е упадливо јасно?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да ја објасниме задоволително привлечноста на Милдред Пирс за гејовите, мора да извршиме стилска анализа на речиси секој кадар во филмот, да направиме поцелосна верзија на анализата што предмалку се обидов да ја исцртам за онаа една сликовна низа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мора да се работи за нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да се опише содржината на една форма или значењето на еден стил е многу различен потфат од потфатот да се објасни содржината на некој исказ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)